Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собирот за поддршка во Чаир беше спонтан – Груби нема ништо со организацијата, велат неговите адвокати

/

Македонија

Сподели преку :

Одбраната на Артан Груби јавно се огради од синоќешниот собир пред неговиот дом, организиран по укинувањето на мерката куќен притвор, и им се извини на граѓаните кои можеби биле вознемирени од настанот. Адвокатите тврдат дека собирот бил спонтан, дека Груби немал никаква улога во неговата организација и дека не станувало збор за политичка иницијатива.

Во соопштението до јавноста, одбраната наведува дека граѓани, соседи и пријатели самоиницијативно се собрале пред домот на поранешниот вицепремиер, откако беше објавена одлуката за укинување на куќниот притвор.

„Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележја“, наведуваат од одбраната.

Адвокатите нагласуваат дека укинувањето на мерката е резултат на одлука на надлежните органи, донесена во законски предвидена постапка, и дека не треба да биде повод за политички толкувања.

„Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста“, се наведува во соопштението.

Одбраната особено инсистира дека Груби не стои зад собирот и дека изразената поддршка не треба да се толкува како негова политичка порака.

(видео) Груби излезе од куќен притвор – пречекан со факели во Чаир

Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, синоќа беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор. Одлуката е донесена по истекот на законскиот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Груби и натаму има забрана за напуштање на Скопје, а судот не ја прифатил… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2