Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентка осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи – од почетокот на годинава се извршени повеќе од 600 егзекуции во Иран

/

Свет

Сподели преку :

Дваесет и тригодишната студентка Наџме Амини од Иран е осудена на смрт под обвинение за богохулење поради објава на социјалните мрежи, објавија организации за човекови права.

Амини е притворена во затворот во градот Машхад каде ѝ е изречена и затворска казна од 12 години, шест месеци и еден ден за дела поврзани со националната безбедност и пропаганда против режимот.

Смртната казна сè уште не е правосилна и може да биде обжалена пред Врховниот суд на Иран.

Амини била уапсена за време на јануарските масовни протести во земјата, кои властите ги задушија со насилна акција.

Според организациите за човекови права, таа во своја одбрана тврдела дека спорната објава ја направила во состојба на халуцинации, но судијата не ги прифатил нејзините аргументи.

Во аудиоснимка објавена од затворот, студентката побарала меѓународна помош и повикала Обединетите нации, адвокатите и организациите за човекови права да го истражат нејзиниот случај.

Организациите за човекови права предупредуваат дека иранските власти сè почесто ја користат смртната казна за заплашување на населението и задушување на несогласувањето.

Според невладината организација „Иран хјуман рајтс“, од почетокот на 2026 година во земјата се извршени повеќе од 600 егзекуции.