Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Испорачавме енергенси кон Европа во вредност од 320 милијарди долари од почетокот на војната во Украина, изјави рускиот вицепремиер Новак

/

Свет

Сподели преку :

Од 2022 година до денеска Русија испорачала енергетски производи кон Европа во вредност од над 320 милијарди долари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак во програмата „Вести“, нагласувајќи дека руските компании ги исполнуваат своите договорни обврски.

„Бројката за периодот од 2022 година до денеска е 320,7 милијарди долари, а се однесува на вкупниот обем на снабдување со енергија на земјите од Европската Унија“, рече Новак.

Само во првите девет месеци од 2026 година, од Русија во Европа се испорачани енергетски ресурси во вредност од 21,3 милијарди долари, додаде Новак, истакнувајќи дека ова покажува дека руските добавувачи продолжуваат да испорачуваат енергетски ресурси во ЕУ во согласност со исклучоците од санкциите.

„Не е наша вина што уделот на извозот во Европската Унија значително се промени во последните неколку години“, рече Новак, додавајќи дека добавувачите испорачуваат количества и видови енергетски производи што ги сакаат европските клиенти.

Рускиот владин вицепретседател во интервјуто уште истакна дека дополнителните испораки на руски дизел на светските пазари, вклучително и на американскиот, ќе помогнат во балансирањето на сложената ситуација предизвикана од проблемите во Ормуската Теснец и намалените светски капацитети на рафинериите.

По телефонскиот разговор на претседателот Владимир Путин со американскиот претседател Доналд Трамп, во саботата, руската влада делумно ја укина забраната за извоз на дизел со што се овозможи пласман на 500.000 тони на светските пазари во сегашната фаза.

Русија ја укина забраната пред предвидениот рок и подготвена е да испорача 300.000 тони дизел во октомври, а потоа постепено да го зголеми количеството на 500.000 тони во ноември и на еден милион тони во декември, изјави Новак во таа пригода.

Во наредниот период, месечните испораки би можеле да достигнат три милиони тони, истакна потпретседателот на руската влада.