Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запален службениот автомобил на заменик директор на Лотарија

/

Македонија

Сподели преку :

Ноќеска во Чаир било опожарено возилото на заменик директорот на Државна Лотарија, Ахмет Мифтари.

Од полицијата потврдија дека инцидентот би пријавен околу 2:12 часот ноќеска.

Било запалено возило марка „бејџинг бејч“ која е во сопственост на Државна Лотарија, а како службено го користел Мифтари.

Пожарот го изгаснале скопските пожарникари, а се истражува дали бил подметнат.

На 13.10.2026 во 02:12 во СВР Скопје М.А.(42) од Скопје пријави дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје било опожарено патничко возило „бејџинг бејч“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое тој претходно го управувал. Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР .

Артан Груби излегува од домашен притвор – сè уште нема одлука за барањете за враќање на пасошот со гаранција од над 300.000 евра

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска излегува од домашен притвор, бидејќи истекува мерката што му ја одреди судот, а која најмногу може да трае до 60 дена согласно законот од нејзиното определување. Сè уште нема одлука за неговото барање за враќање на пасошот со гаранција од над 300 илјади евра, а за тоа се чека произнесување… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2