Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Едeн загинат во инцидент со ролеркостер во забавен парк во Џорџија

/

Свет

Сподели преку :

Едно лице загина, а неколку други се повредени во инцидент со ролеркостер во забавниот парк „Сикс Флегс Овер Џорџија“, во близина на Атланта, САД.

Засега не се соопштуваат причините за инцидентот, ниту околностите под кои настапила смртта.

По инцидентот, посетителите кои останале заглавени на ролеркостерот биле евакуирани со помош на спасувачките екипи.

Иако властите не го потврдија официјално името на ролеркостерот, медиумите објавија снимки од евакуација на патници од атрактивната железница „Голијат“.

Ролеркостерот е отворен во 2006 година, достигнува брзина до 113 километри на час и височина од 61 метар.

Полицијата започна истрага за утврдување на причините за инцидентот, а од управата на паркот соопштија дека целосно соработуваат со надлежните органи.