Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Температурата во фрижидерите во француските маркети се искачи на 50 степени – хакерски напад ги погоди најголемите продавници за храна

/

Свет

Сподели преку :

Напаѓачите ја презедоа контролата врз системите за ладење и одмрзнаа фрижидери и замрзнувачи, предизвикувајќи расипување на големи количини храна.

Нападот се случи во текот на ноќта од недела кон понеделник и ги погоди некои од најголемите малопродажни синџири во Франција. Според најновите бројки објавени од AFP, нападот погоди најмалку 300 продавници.

Според француските медиуми, хакерите ги нападнале системите што ја контролираат температурата на фрижидерите, од далечина и ја активирале функцијата за принудно одмрзнување, предизвикувајќи уредите да престанат да ја одржуваат потребната температура за складирање храна.

Ројтерс објави дека во некои продавници, температурата на фрижидерите била покачена до 50 степени Целзиусови. Сите продавници кои се погодени во нападот ќе мора да ги фрлат замрзнатите производи и храна.

Извршниот директор на „Cooperative U“, Доминик Шешер, го опиша нападот како „без преседан“ и потврди дека сајбер нападот ги погодил системите за ладење . Додаде дека тимовите на компанијата се „целосно мобилизирани“ за да ја вратат ситуацијата што е можно побрзо. „Ќе биде потребна истрага за целосно да се расветли овој напад“, додаде тој.

Канцеларијата на парискиот обвинител потврди за AFP дека е отворена истрага за „големиот сајбер напад што ги погоди фрижидерите на неколку големи синџири за малопродажба на храна низ цела Франција“.

Според АФП, хакерскиот напад ги таргетирал системите за контрола на ладење на данската компанија Danfoss, чија технологија ја користат разни малопродажни синџири.

Вкупната финансиска штета засега не е позната.