Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Отпадот од Куманово се транспортира во „Дрисла“, блокадите на депонијата „Крста“ продолжуваат

/

Македонија

Сподели преку :

Отпадот од Куманово се транспортира на скопска Дрисла поради блокирањето на депонијата „Краста“, од страна на жителите на околните села кои се жалат на постојаните пожари и чад предизвикани од одлагањето на ѓубрето. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски очекува пристапот до депонијата наскоро да биде отворен.

„Последната информација од грѓаните на село Пчиња е дека бараат да се посипат дополнителни количини на земја и тоа во моментов се реализира таму во рамки на нашите можности и активиравме поголема градежна механизација за да дојде до посериозна санација на депонијата. Јас очекувам депонијата да биде отворена“, изјави Димитриевски.

Жителите порачуваат дека ќе блокираат се додека не заврши санацијата депонијата „Краста“.

„Ние остануваме на блокада додека не се санира целосно депонијата „Краста“. Постигнати се некои додирни точки каде што е најдено решение од Владата“, изјави Александар Илиевски, претседател на месна заедница Пчиња.

„И денеска излеговме на протести. Активно се работи на ѓубрето и како што ветија вчера денеска се работи па ќе видиме до кога. Ние не се повлекуваме треба да ги исполнат и другите договори“, изјави Мартин Марковски, жител на село Студена Бара.

За вчерашната расправија на средбата со жителите кои го блокираат пристапот до „Краста“, Димитриевски обвини дека била исценирана од поединци кои се активисти во одредени месни комитети.

„Бевме сведоци на некои немили снимки вчера и сметам дека сето тоа беше исценирано и добро организирано од одредени поединци од одредени политички субјекти и времето ќе покаже всушност за што се работеше“, смета Димитриевски.

Димитриевски повтори дека единственото решение за да се затвори депонијата „Краста“ е да се релизира изградбата на регионалниот центар во Свети Николе кој пак треба да ги реши проблемите со отпадот од источниот и југоисточниот дел на државата вклучувајќи гоп и Куманово.  Од Министерството за животна средина за Телма соопштија дека во тек е постапката за избор на компанија, кој оди  преку Европска комисија затоа што проектот се реализира со пари од ИПА програмата.

Марија Митевска

 

 

Jumbo 2