Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден апарат за компјутерска томографија е поправен, а за вториот се чека резервен – пациенти се препраќаат по другите болници

/

Македонија

Сподели преку :

Само еден од двата апарати за компјутерска томографија на Радиологија работи. Иако и двата биле дефект досега е поправен само едниот, а за вториот се чека резервен. Дневно се прават и до 100 прегледи на томографија. Надлежните уверуваат дека проблемот наскоро ќе биде решен. Додека трае сервисот, пациентите ќе се упатуваат во ГОБ „8-ми Септември“ и во Клиниката „Св. Наум Охридски“.

  • Институт за радиологија: Веднаш по нивното констатирање беа преземени сите неопходни мерки за сервисна интервенција и што побрзо отстранување на дефектите. Уште од првиот момент во соработка со Министерството за здравство беа информирани останатите јавни здравствени установи и беше воспоставена организација за пренасочување на пациентите и непречено обезбедување на потребните дијагностички услуги во ЈЗУ ГОБ 8 Септември и ЈЗУ Универзитетска клиника за хирурпки болести „Св. Наум Охридски.

Од институтот велат дека пациентите на кои им биле одложени термините, веќе се повикуваат за закажување на нови термини. За да се надомести пропуштеното Радиологија ќе работи и за време на викендот за да се завршат сите прегледи на пациентите. Инаку од почетокот на годинава до сега на Радиологија биле извршени околу 70 илјади радиолошки снимања на различни апарати.

Од здравство велат дека и за оваа томографија сервисот трае и очекуваат во скоро време да биде во функција. За да се намалат листите на чекање, викендов ќе работи и Пет центарот.

  • Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините. Посебна благодарност им упатуваме на сите здравствени работници и соработници, чиј труд и залагање го прават ова можно, рече директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска.

Овие измени ќе важат додека апаратите повторно не бидат ставени во функција. Од Министерството за здравство апелираат пациентите и лекарите да ги почитуваат термините.

Симона Петровска

Б.С.

Jumbo 2