Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тајна е колку земал Дејвид Гета и другите артисти за прославата за 35 години независност на државата

/

Македонија

Сподели преку :

Тајна остануваат поединечните хонорари на изведувачите на прославата за одбележување на 35 години независнот на државата. Директорот на лотарија Александар Климовски презентирајќи го извештајот за трошоците откри дека за хонорарите  на 67 артисти биле издвоени околу 2 милиони евра, но сумите кој колку пари добил за својот настап ги знае само Стардаст која ја организираше прославата.

  • „Тоа се нивни меѓусебни облигациони односи врз база на комерцијални договори кои што имаат одреден степен на доверливост и се склучени помеѓу Стардаст и помеѓу Дејвид Гета или било кој друг уметник или изведувач, пејач и итн. Тоа се нивни интерни договори кои што тотално во сума се пренесени во извештајот. Тие се поминати низ системот на државата за нив е платен данок“, изјави Климовски.

Вкупно се потрошени над 5 и пол милиони евра. Освен за хонорари, околу милион и пол евра се издвоени за продукција, за логистички потреби над 950 илјади евра, а за маркетинг речиси 47 илјади евра и за хонорари за соработници околу 870 илјади евра. На прашање како лотарија истиот ден кога ја добила понудата од Стардаст успеала да ја разгледа и да го потпише договорот Климовски одговори дека станувало збор само за една понуда и цел тим работел на проверка дали се исполнуваат бараните услови.

  • „Се работи за цел тим. Не се работи за еден човек овдека така што тимот секој во својот домен ја разгледа понудата. Немаше друга понуда утврди дека се сообразува со барањата утврдени во извадокот од нацрт записник на Владата, насоките од организациониот одбор и немаше проблем да потврдиме дека со понудата се исполнети сите барања за овој настан“, додаде Климовски.

Климовски додаде дека сите пари од вредноста на тендерот и се одеднаш исплатени на Стардаст, а точниот датум не го знаеше. Државна лотарија за прославата даде скоро 5 милиони евра, а останатите беа обезбедени од приватни фирми.

Марија Митевска

Б.С.

Jumbo 2