Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика граѓаните кои имаат роднини или пријатели надвор од главниот град на Украина привремено да се преселат поради сè пожестоките руски напади.
Ситуацијата во украинскиот главен град станала прашање на преживување поради засилените руски напади и им советуваше на жителите кои имаат можност да останат надвор од главниот град, привремено да го напуштат Киев.
Во интервју за агенцијата АФП, Кличко нагласи дека украинскиот главен град трпи секојдневно уништување.
-Секој ден носи нови извештаи за уништени згради, повредени или трагично загинати луѓе, додека нападите врз нашиот град се интензивираат. Денес, станува збор за преживување, рече Кличко.












