Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека Иран може да уништи градови во Калифорнија

/

Свет

Сподели преку :

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите коментари дека Иран би можел да уништи градови во Калифорнија биле погрешно разбрани и дека, всушност, зборувал за потребата Американците да ги поднесат повисоките цени на горивата.

Трамп ги даде изјавите во понеделникот на политички митинг во Небраска, кога зборуваше за економските жртви со кои се соочуваат Американците поради војната со Иран.

„Запомнете, во врска со војната, ова е само вештачко зголемување, цените се малку повисоки, но тоа е мала цена што треба да се плати“, рече тој тогаш.

„Тоа е мала цена за зачувување на безбедноста на светот и на нашата земја. Тие би можеле да уништат некој град. Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего. Тоа е многу мала цена и сето ова наскоро ќе заврши“, додаде Трамп.

Неговите изјави веднаш наидоа на критики од повеќе политичари во Калифорнија и во други делови на САД.

„Зборував за тоа дека привременото зголемување на цената на бензинот е мала цена што вреди да се плати за да не се здобие Иран со нуклеарно оружје“, напиша Трамп синоќа на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

„Ако сакате да видите колкава би била големата цена – можете ли да замислите што би се случило ако го бомбардираат Сан Диего и/или Лос Анџелес?“, продолжи тој, додавајќи дека ги сака двата града.

Трамп: Високите цени на нафтата се за да се заштити западниот брег од ирански напади

Американскиот претседател Доналд Трамп во Тексас ги повика гласачите да го поддржат републиканскиот кандидат за Сенатот, Кен Пакстон, во услови на политички тензии и протести. Трамп истакна дека повисоките цени на нафтата се, како што наведе, компромис неопходен за заштита на западниот брег на САД од ирански напади. Неговата изјава доаѓа во период на зголемени… Продолжи со читање

telma.com.mk