Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Соѕиданите 350 илјади евра се наши“ – рекоа родителите на судијата Ристов за парите на кои не е најдена нивна ДНК

/

Македонија

Сподели преку :

Соѕиданите 350 илјади евра во семејната куќа на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов, неговите родители тврдат дека се нивни и стекнати од земјоделска работа 5 децении наназад. Донка и Здравко Ристови сведочеа пред судот дека нивните деца не знаеле за скриените пари, а ги чувале во ѕидот бидејќи не им верувале на институциите во државата.На прашањето на судијката зошто на парите не е пронајдена нивна ДНК, туку само на обвинетиот Ристов, нивниот одговор беше идентичен. Не верувам и нема шанси, рекоа пред судот Донка и Здравко Ристови.

„Во еден така народски манир имавме прилика да слушнеме родители на обвинет, и тоа само по себе е специфична позиција, бидејќи законот ги ослободува од сведочење бидејќи се родители. Така, низ една итарпејовска естетика зборуваа и сведочеа за настани и за факти, меѓутоа тие истите не наоѓаат никаква поткрепа во останатите докази и обезбедени материјали“, изјави обвинителката Иска Хаџи Василева.

Сведочеше и полициски крим техничар кој бил присутен на претресите во куќата на барање на одбраната со кој сакаа да покажат дека парите не биле обезбедени согласно процедурите.

„Нашите вештаци ќе објаснат зошто нема едни траги, зошто има други траги и како е вештачено. Многу добро видовте дека парите се оставани и фолиите кинати на плочки. Имаме три преместувања на парите и тоа нашиот вештак ќе ви го објасни поткрепено со фотографии“, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Инаку родителите на Ристов имале и штедни книшки во банка со по 950 илјади денари на нив од продажба на земјоделска механизација. Ристов е обвинет за прикривање на имот и перење на пари.

Марија Митевска

 

Jumbo 2