Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дроновите што лани упаднаа во Полска биле со полски СИМ картички – обвинителството во Лублин ја прекина истрагата како „тајна“

/

Свет

Сподели преку :

Истрагата за масовниот упад на руски дронови на територијата на Полска во септември лани е прекината поради неможноста за идентификација на сторителите, наведува окружното обвинителство во Лублин, пренесуваат медиумите. Военото обвинителството со месеци спроведуваше истрага, во обид да утврди кој е лично одговорен за нападот.

За жал, како што соопшти портпаролот на обвинителството во Лублин, обвинителот Марцин Козан, истрагата е прекината поради неможноста за идентификација на сторителите. Најголем дел од материјалите во случајот, вклучително и образложението на одлуката, се класифицирани како „тајни“.

„Истрагата е прекината, бидејќи беше невозможно да се идентификуваат сторителите на кривичното дело, што се состоеше од кршење на полскиот воздушен простор и со тоа создавање на закани по општата безбедност“, рече обвинителот Козак.

Едно од најизненадувачките откритија на истражителите било присуството на полски СИМ картички во некои од соборените дронови. Истражителите не откриваат дали се украдени или илегално купени, информација што исто така останува тајна.

При првиот масовен упад на руски беспилотни летала во Полска на 10 септември лани долетаа 20-тина. Отпад е пронајден во различни делови на земјата, а некои од дроновите летале речиси 300 километри од источната граница. Три дена подоцна, како одговор на тој инцидент, НАТО ја распореди мисијата „Источен стражар“.