Американскиот претседател Доналд Трамп во Тексас ги повика гласачите да го поддржат републиканскиот кандидат за Сенатот, Кен Пакстон, во услови на политички тензии и протести. Трамп истакна дека повисоките цени на нафтата се, како што наведе, компромис неопходен за заштита на западниот брег на САД од ирански напади.
Неговата изјава доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран и раст на цените на енергенсите.
- И знаете што – нафтата е малку поскапа, можеби и повеќе од малку. Многу луѓе мислеа дека цената ќе биде три, четири или пет пати повисока. Кога ја презедов должноста и јас мислев дека може да биде многу повисока од тоа. Но, сега плаќаме помалку отколку за време на администрацијата на (Џо) Бајден. Тој не направи ништо. Тој ви ја донесе највисоката инфлација во историјата. Не направи ништо. Но, вие сакате да видите траума, сакате да видите проблеми. И го кажав тоа неодамна: Нека испукаат ракета кон Сан Дијего или Лос Анџелес нека удрат… Сакате да видите хорор-сценарио? Сакате да видите проблеми? Нека го погодат Сан Дијего нека го погодат Лос Анџелес стогаш ќе видите како се случуваат ужасни работи. Ќе видите земја што тоне во слободен пад. Ние нема да дозволиме тоа да се случи. Ние ги штитиме нашите градови Ја штитиме нашата земја. Нема да дозволиме тоа да се случи, порача Трамп.












