Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доктор Василевски го заврши штрајкот: Како Дон Кихот се борам со ветерници, си одам со нарушено здравје, но со крената глава

/

Македонија

Сподели преку :

Заврши штрајкот со глад на доктор Дарко Василевски пред Деканотот на Медицинскиот Факултет. Тој преку објавна на социланите мрежи вели дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава бидејки укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица.

Василевски во објавата вели дека  се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации.

Тој се заблагодари на колегата и пријател, лекар кој   го посетил и му ја понудил својата поддршка, како и на граѓаните кои, му понудиле помош лично или преку пораки.

-Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор. 

Доктор Василевски вели дека и понатаму ќе продолжи да се занимава со медицината, да се надградува и едуцира и да го усовршува своето знаење и искуство, со цел да остане посветен на она што, како што вели, отсекогаш му било најважно – да биде добар лекар.

Jumbo 2