Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Вучиќ предизвика лавина реакции откако бакна жена на која ѝ се слоши за време на неговиот говор

/

Свет

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео од предизборен митинг во Бачка Паланка, на кое се гледа како на една повозрасна жена ѝ се слоши за време на неговиот говор. Вучиќ го прекина своето обраќање и ѝ пријде на жената додека медицинскиот персонал ѝ укажува помош.

На видеото се гледа како тој ѝ приоѓа на жената, се наведнува кон неа и ја држи за рака. Жената потоа го бакна Вучиќ, а тој возврати на бакнежот додека медицинскиот персонал ја подготвуваше за транспорт.

Ова видео во јавноста предизвика низа коментари, дали воопшто е пристојно да се објави видео од ваков тип и да се користи за ПР? Внимание привлече и статусот на Вучиќ:

-Кога на таа прекрасна госпоѓа ѝ се слоши на митингот, одлични лекари од Бачка Паланка веднаш ѝ притрчаа на помош, а јас бев пресреќен кога сфатив дека сè ќе биде во ред. А кога таа ме бакна, мојата среќа немаше крај, напиша Вучиќ покрај видеото.