Кристи Пајк, осуденичка на смрт во Тенеси, во четвртокот вечерта била во несвесна состојба, интубирана и приклучена на апарат за вештачко дишење, откако властите не успеале да ја погубат со смртоносна инјекција, соопштија нејзините адвокати во судски поднесоци.
На 50-годишната Пајк во средата ѝ биле вбризгани две смртоносни дози пентобарбитал, но таа останала жива.Потоа била пренесена во болница со возило на брза помош.
Пајк останала во критична состојба и се лекувала во болница во близина на Нешвил.
Адвокатите на Пајк, која беше осудена на смрт во 1996 година за убиството на Колин Слемер, бараат преиначување на нејзината казна по неуспешниот обид за погубување.
Б.С.

Кристи Пајк, осуденичка на смрт во Тенеси, се наоѓа во „критична состојба и прима медицинска нега за спасување на животот“ во болница, откако преживеала два обида за погубување со смртоносна инјекција, што го натерало гувернерот на државата да ги запре сите погубувања за оваа година. „Во моментов немаме сознанија за нејзината прогноза, ниту подетални информации… Продолжи со читање











