Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Во руски напад погоден втор голем мост, отсечени источниот и западниот дел на Киев – „Ова е нова фаза во стратегијата на Москва“, вели Кличко

/

Свет

Сподели преку :

Во руски напад погоден втор голем мост во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, додека Русија ги засилува нападите врз критичната инфраструктура во украинскиот главен град.

Нападот во саботата наутро го оштетил коловозот и контактната мрежа за тролејбуси на Северниот мост, рече Кличко, предизвикувајќи блокада на сообраќајот.

Нападот уследи откако друг клучен мост во градот, Јужниот мост, беше повеќепати цел на руски беспилотни летала во четвртокот и петокот, при што Кличко претходно предупреди дека таквите напади „го разоруваат Киев“.


Северниот и Јужниот мост ги поврзуваат источниот и западниот дел на главниот град, што укажува на нова фаза во стратегијата на Москва.

Нападите врз Јужниот мост предизвикаа големи прекини во сообраќајот, при што е запрено движењето на метрото и автомобилите преку него.

Многу од жителите на градот – кои бројат околу три милиони – се потпираат на метрото за движење низ градот.

Претходните напади врз Јужниот мост го поттикнаа Советот за одбрана на Киев да одржи кризен состанок во петокот, по што Кличко предупреди дека градот сега се наоѓа во „многу драматична ситуација“ бидејќи Москва ја напаѓа неговата „критична инфраструктура, логистика, станбени објекти“ и други клучни капацитети.


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија дејствува како одговор на украинските напади врз руските енергетски капацитети, и покрај фактот што токму Москва прва започнала со такви напади.

Б.С.