Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски: Болницата во Струга има добра хирургија, поранешната ковид-болница станува амбуланта

/

Македонија

Сподели преку :

Имате солидна дигестивна и торакална хирургија, порача министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница – Струга и Здравствен дом – Струга и средбите со директорот Владимир Бунчески и со здравствените работници.

„Се презема конкретен чекор, поранешната ковид-болница се става во функција за амбуланти. Така се ослободува простор за нови специјалистички услуги, за пациентите да добиваат повеќе прегледи тука, во својот град“, соопшти Клекоски на својот Фејсбук профил.

Просторот, според министерот, што со години стоел неискористен сега ќе им се врати на пациентите.

Jumbo 2