Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ го повикува ЈО да постапи по обвинувањата на Венко Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

/

Македонија

Сподели преку :

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и потврди скандал каде што има основен сомнеж за криминал. Тој изјави, цитирам: „Славјанка Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Пратеникот и лидер на СДС, Венко Филипче, јавно излезе со обвинување против пратеничката од редовите на СДС и екс-министерка Славјанка Петровска, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

  • Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра. Го поддржуваме и поттикнуваме Венко Филипче да не молчи и да каже сè што има за Славјанка Петровска. Очекуваме итно и неодложно Јавното обвинителство да отвори предмет и да реагира.

Jumbo 2