Повеќе од 400 украински беспилотни летала доцна синоќа се упатиле кон цели на руска територија во Волгоград каде е сместена и рафинерија за нафтени деривати на компанијата Лукоил.
Комплексот за преработка на нафта има капацитет од околу 14 до 15 милиони тони сурова нафта годишно, што претставува приближно пет проценти од вкупната преработка на нафта во Русија.
Регионалниот гувернер Андреј Бочаров потврди дека индустриска зона во Волгоград била цел на напад.
Според него, била погодена и станбена зграда, при што избувнал пожар, а едно лице било повредено и хоспитализирано.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека според проценките на економистите во земјата Русија до сега изгубила околу 1% од бруто-домашен производ поради нападите на Украина врз руските рафинерии за нафта.
Според него Украина „отворено ја објавила“ целта да ѝ наштети на руската економија.
Б.С.












