Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаневска: Бидејки некои катедри работеле полежерно, доведени сме во состојба некој да ни го оспорува јазикот

/

Македонија

Сподели преку :

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата Вин Вин со Оливера Трајковска изјави дека долги години не се мислело на пополнување на кадарот во факултетите каде тоа требало да се случи, ниту пак се работело стимулациски што според неа довело до многу полежерно функционирање на катедрите што довело и до ситуација земјата да се соочи со тоа некој да ни го оспорува јазикот. Таа исткна и дека и покрај напредокот на технолошките науки денеска, сепак не може да постои држава без катедра по филозофија, историја и јазик.

-Не може да постои држава која ќе нема катедра по филозофија, по мајчин јазик која ќе нема катедра по историја и за жал долги години гледам дека во минатото не се водело сметка за пополнување на кадарот. Во овие две години ние направивме пополнување на тој кадар во рамките на буџетските можности. И на тој начин ги стимулираме, ја прераспределуваме работата на луѓето кои се внатре во катедрите да можат да си ја завршат работата. Но факт е дека законот е една стимулација, факт е дека и откако ја загубиле стимулацијата и за личен напредок, некако се почувствувале одреден дел малку полежерно без да мислат дека може да ни се случува некој да ни го оспорува јазикот. Сега од кога тоа се случи, малку позасилено се работи, меѓутоа изгубентото време е изгубено. Времето треба брзо да го надокнадуваме, а тоа не е лесно, дополнително е и многу скапо, изјави Јаневска. 

Jumbo 2