Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Специјализант започна штрајк со глад – откако бил одбиен на неколку огласи за вработување

/

Македонија

Сподели преку :

Протест со глад почна д-р Дарко Василевски, откако, како што тврди, бил одбиен на огласот за вработување на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет. По 15 дена молк од надлежните институции Василевски вели ќе оди до крај. Тој се сомнева за нерегуларности во постапката за избор и бара да бидат објавени критериумите според кои биле избрани кандидатите. За одлуката, вели, добил само известување со имињата на двајцата избрани кандидати, без образложение и ранг-листа.

„Се сомневам на нерегуларност затоа што ние како одбиени кандидати, веројатно и сите други, меѓутоа можам да зборувам за себе, не добивме образложение по кој основ и кои критериуми се избрани кандидатите. Никаква ранг-листа не добивме, ниту објаснување само еден имејл на кој што беа наведени имињата на двајцата примени кандидати. Повикав со отворено писмо да си дадат свој став и мислење“, вели Д-р Дарко Василевски.

Василевски поднел и претставка до Комисијата за заштита од дискриминација. Но, вели нема да се откаже од борбата за рабпотно место.

„Што и да значи крајот.. или ќе си одам како вработен или со колегите од Итната медицинска помош тоа се две опции“, вели Д-р Дарко Василевски.

Од случајот се оградија и Министерствата за образование и за здравство. Министерот Сашо Клековски вели дека е запознаен со проблемот, но дека Министерството за здравство не е надлежно за вработувањата на Медицинскиот факултет.

„Во основа нашите можности да направиме нешто не го вклучуваат вработувањето на Медицински факултет бидејќи вие знаете дека во моментот ние работиме на втората група од 300 специјализанти кои треба да бидат вработени во јавното здравство и доколку докторот се пријави за таа група и ги исполнува условите ќе биде примен на знаење во делот на јавно здравствените установи, меѓутоа медицинскиот факултет е надлежност на министерството за образование“, рече Сашо Клековски министер за здравство

 Од Медицинскиот факултет засега нема одговор на наводите на Василевски.

По неговата претставка постапува Комисијата за заштита од дискриминација Оттаму велат дека на 24 септември до Медицинскиот факултет било доставено барање за произнесување.

Факултетот има рок од 15 дена да го достави својот став, по што Комисијата треба да утврди дали има основ за понатамошно постапување во врска со наводите за дискриминација при изборот на кандидатите. 46-годишниот Василевски реагира дека трет пат е одбиен од конкурсите за вработување, поради, како што вели, неговата возраст.

 

Jumbo 2