Премиерот Христијан Мицкоски ќе побара од министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, да го разреши директорот и членовите на Управниот одбор на Македониумот во Крушево, бидејќи дозволиле во музејот да се снима музички спот. Според него такви институции не треба да служат за снимање на спотови.
„Ги следев тие реакции, навистина тоа коешто таму се случило, претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба бидат изнајмувани и користени за такви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил и ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што уште денеска ќе побарам да бидат, и челновите на управниот одбор и директорот на таа културна институција, разрешени.“

Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина, изјави министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево. На прес… Продолжи со читање













