Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти – Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум

/

Македонија

Сподели преку :

Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина, изјави министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево.

На прес конференција во владиниот прес-центар, министерот Сулејмани посочи дека за овој проблем Министерството е во процес на собирање информации.

  • Јас како министер за култура и туризам, односно ние како Министерство сме надлежни да ги браниме сите артисти и сите културни работници. Пред себе имаме еден случај кој навистина е чувствителен, но ќе видиме со правните служби како ќе може понатаму или со некоја законска измена да дејствуваме, бидејќи во овој момент има законско право за изнајмување, но директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти, треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Проблемот е нов, снимано е порано, а јас сеуште немам детални информации и сме во процес за да го решиме проблемот. Ќе обезбедам дополнителни информации и ќе видиме што понатаму, одговори министерот Сулејмани на новинарско прашање за снимањето на спот во крушевскиот „Македониум“.

Телма веќе објави дека „Македониумот“ во Крушево, кој е симбол на македонската борба за слобода, за 500 евра бил изнајмен  за снимање спот за песната „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони. Одлуката ја донел Управниот одбор на Историскиот музеј Крушево, потври директорот Миха Оџаклиески.

„Македониумот“ изнајмен за 500 евра, за снимање на спот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони

Македониумот во Крушево, симбол на македонската борба за слобода, за 500 евра  е  изнајмен  за снимање спот за песната  Секси мама  на косовскиот рапер Дон Џони.  Одлуката ја донесе  Управниот одбор на Историскиот музеј Крушево, потврдува директорот Миха Оџаклиески. Вели изнајмување е прегруб збор, затоа што  само го отстапиле просторот за снимање. „Просторот го отстапивме… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2