Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

/

Македонија

Сподели преку :

Новинарките и жените во медиумите отсега со неколку клика ќе можат да пријават онлајн вознемирување поврзано со нивната работа. Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и ССНМ денеска ја промовираа новата алатка за пријавување.

Може да пријави секоја жена која работи во медиум – новинарка, уредничка, снимателка, фоторепортерка или друга медиумска работничка, доколку вознемирувањето е поврзано со нејзината работа.

Од „Еднаква“ предупредуваат дека навредите, заканите и омаловажувањето во онлајн просторот се во пораст. Од ССНМ велат дека пријавувањето треба да го зголеми и притисокот врз институциите за прекин на неказнивоста.

 

Jumbo 2