Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA, а таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје – АТС Груп ДООЕЛ. Тоа е приватна фирма, објави денеска СДСМ.
- Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата… Ја плаќа приватна компанија за муниција, шлемови, балистичка опрема. Сопственик: е Шефшет Демировски. Цената е 130.000 долари месечно. Квартално однапред 390.000. Годишно околу 1,56 милиони долари. Договорот трае, низ 2026 и 2027 година, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузевска.
Според документите кои ги приложи на 2 април 2026 истата куќа, платена од АТС, предава материјал со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот не стои „продајте ни куршуми“. Стои пакет влада со влада.
Таа истакна дека по проверките на сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA – за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата.













