Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вајц темелно ја запозна Сиљановска-Давкова со сите активности во врска со македонско – бугарските релации

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас.. Како што информираат од Вила Водно на средбата се разговарало за македонската европска интеграција, можностите и условите за деблокада на нашиот пристапниот процес, како и за политиката на проширување на Европската Унија, низ призма на геополитичките закани и употребата на ветото.

  • Во пресрет на извештајот на ЕК, соговорниците размениле мислења за потребните и можните реформи на процесот на проширување, врз основа на воочените  проблеми.. За Сиљановска-Давкова важно е да се забрза и заштити од ирационални опструкции динамиката на европската интеграција и да се овозможи посилна институционална заштита на принципот на заслуги во пристапниот процес.

Таа посебно укажа на членовите 4(2) и 4(3) од Договорот за Европската Унија, во коишто се предвидени почитувањето на националниот идентитет, уставните и политичките структури, како и обврската на земјите – членки за искрена соработка и не поткопување на целите на ЕУ, констатирајќи дека злоупотребата на ветото и билатералните условувања врзани со идентитетот, историјата и јазикот, се во судир со овие одредби.

Вајц ја објасни својата добра намера, неутралност и посветеност на процесот, укажувајќи на реалната доминација на политиката, темелно ја запозна претседателката со сите превземени активности во врска со македонско- бугарските релации, укажа на потребата од посегање на пријателски чекори од обете страни, потенцирајќи ја цврстата решеноста на ЕУ за проширување.

Jumbo 2