Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаревски- Пари има, ќе има и раст на пензиите, за Трeнчeвска линеарното зголемување го зголеми дефицитот во ПИОМ на милијарда

/

Македонија

Сподели преку :

Во вечерашната Топ Тема се дебатираше и за линеарното зголемување на пензиите. Дали тоа направи дополнителен проблем во Фондот за пензиско и дали ќе се најдеме во ситуација да мора некоја идна власт да ја зголеми старосната граница за пензионирање?

  • Во буџетот и со ребалансот на буџетот се гледа дека дефицитот во Фондот за пензиско се зголеми на една милијарда евра и тоа токму поради линеарните зголемувања од минатиот период од две и пол, две и пол и двапати по илјадарка. Денеска соодносот на работник и пензионер е 1,4 работници на еден пензионер. Идеално за да може да биде стабилен еден пензиски систем е три спрема еден. И поради денешната ситуација постојано се зголемува дефицитот во пензискиот фонд, рече Тренчeвска.

Таа истакна дека кога СДСМ си замина од власт дефицитот бил 32,5%, а сега е 48%, рече дека „мора да се најде начин тој дефицит да се намалува и да имаме сигурност и за сегашните и за идните пензионери“.

Пари во буџетот има за пензии и ќе има, дециден Јаревски од ВМРО -ДПМНЕ, кој рече дека СДСМ за седум години ги зголемил пензиите за 7.000 денари, а за две години ВМРО – ДПМНЕ ги зголеми пензиите за 7.000 денари.

  • Ние мора да бидеме одговорни. Мораме да бидеме принципиелни и конзистентни, точно е дека не може се да се реши и мора да се бараат форми и треба да се разговара и со странските партнери. Пари има и ќе има и раст на пензиите, дециден е Јаревски.
Jumbo 2