Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Правилата за државно финансирање на изборното рекламирање остануваат исти

/

Македонија

Сподели преку :

Правилата за државно финансирање на изборното рекламирање остануваат исти. Мнозинството уставни судии одлучиле да не се поведе постапка по иницијативата на Левица, кои бараат еднаков третман кон сите партии, а не да се добиваат пари според освоен глас. Сметаат дека станува збор за пресудена работа откако за слична иницијатива судот пред три години одлучил да не се поведе постапка. Претседателот на Уставниот суд, како и тогаш, и сега има издвоено мислење.

  • Сметам дека ваквите одредби се неуставни. Предизвикуваат нефер и и нерамнорпавна изборна трка, односно не создаваат фер и рамноправни услови за партиите на изборите, што води кон прашањето кој е легитимитет на тој изборен резултат, изјави Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Костадиновски смета дека партиите воопшто не треба да се финснираат од буџетот, од причина што на тој начин, граѓаните четири пати ги плаќаат политичарите: првиот пат преку платеното политичко рекламирање во кампањата, вториот пат преку Законот за финансирање на партиите по број на освоени гласови, потоа преку нивните плати кога ќе стапат на функции, и на крај, преку апанажите кога ќе им завршат функциите.

Се надева дека неговото издвоено мислење ќе ги поттикне законодавците да направат измени на Изборниот законик, со кои би се стигнало до пофер распределба на финансиите.

Измени во оваа област преку Изборниот законик бараат и помалите партии, но засега нема приближување кон консензус. Министерот за правда најави нови средби на работната група со цел да се заокружи процесот.

  • Планирам средба со претставници на сите политички партии, бидејќи мора да биде донесен со општ договор, изјави Јетон Шасивари, министер за правда.

Затоа, пак, тврди дека поинтензивно се работи на другиот реформски закон – Кривичниот законик кој ќе биде даден на мислење на почетокот на октомври.

Во ова министерство, во првата половина на октомври ќе има  консултативно-информативна средба и со студентите и деканите на факултетите за да им се презентира решението за начинот на полагање на правосудниот испит.

Далиборка Демјанска

Б.С.

Jumbo 2