Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски за патот на Македонија до ЕУ: Ние сме жртва на еден вид малтретирање

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот, Христијан Мицкоски, вчера се обрати пред самиот „Конкордија“ во Њујорк, кој се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации.

На панел-дискусија со грузиската заменик-премиерка Мака Ботчоришвили, Мицкоски се осврна на пречките во евроинтегративниот процес и обидите на земјите членки на ЕУ да го искористат за менување на македонскиот идентитет. Според премиерот, се слушаат и позитивни пораки од Брисел.

„Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. И, за жал, поради некои вештачки причини, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој камен-темелник. Во меѓувреме, фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки: го сменивме знамето, Уставот го сменивме неколку пати, дури го сменивме и уставното име, и сето тоа ни изгледа како приказна без крај. Но, како и да е, ние веруваме во европските вредности и ќе продолжиме така, за конечно да најдеме излез од оваа заклучена ситуација во која се наоѓаме сега.

Мицкоски повторно исткна дека Македонија е жртва на како што рече еден вид малтретирање, бидејки се бара од земјата да како што вели да проголтува, бидејки тоа била опцијата која ни се нуди.

„Се градиме и развиваме. За нас, за мојата генерација, преговорите со ЕУ беа еден вид начин да се променат институциите — не да се промени идентитетот. За жал, има некои земји членки коишто се обидуваат да решат некои билатерални прашања и не да ги променат нашите институции, туку да го променат нашиот идентитет. И ние сме жртва на еден вид малтретирање: или сте внатре или сте надвор, а ако сакате внатре, мора да го проголтате она што го бараме од вас. Но, тоа е опцијата и нема подобра опција за мојата земја. И бидејќи нема подобра опција, подготвени сме да одиме напред и да најдеме излез од оваа ситуација., вели премиерот.

Jumbo 2