Вонредна состојба во Јапонија, пред очекуваниот налет на силното невреме, тајфунот Дуџуан.
Повеќе од 1,9 милиони луѓе во шест префектури во државата добија препорака за безбедносна евакуација, додека над 50 000 домаќинства останаа без електрична енергија. Евакуацијата засега не е задолжителна, додека најголем дел од домаќинствата кои останале без електрична енергија, повеќе од 41 000 се во префектурата Чиба.
Заради тајфунот, откажани се околу 500-тини авионски летови а во прекин е и дел од железничкиот сообраќај.
Тајфунот Дуџуан носи постојан ветер со брзина од 130 км на час и удари на ветерот што достигнуваат и до 194 км на час.
Ова невреме е само последното во серијата бури на Пацификот, засилени од овогодишниот „супер Ел Нињо“, кој ги зголеми температурите на океанот и го зголемува ризикот од појава на екстремно силно невреме.












