Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење „Државна лотарија“: Екс директорот Перпарим Бајрами седна во обвинителна клупа

/

Македонија

Сподели преку :

Го слушна обвинението и рече дека не се чувсгтв ува виновен. Екс директорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами од денеска им се придружи на другите 7 обвинети  на судењето за злоупотреби со набавка на ВЛТ  апарати.

Седна во првиот ред. По него од куќен притвор беше спроведен и екс вицепремиерот  Артан Груби  и се поздравија и со  Бајрами.

Тој извршил увид во доказите, а неговиот адвокат најавија повеќе материјални докази со кои ќе го спорат обивнението меѓу нив и мислења од Министерство за финансии за правото за самостојно приредување на игри на среќа.

Кои сведоци ќе ги повикаат не откриваат но потоврди дека имаат прашања и за актуелниот директор на Државна лотарија, Александар Климовски.

Поранешниот прв човeк на лотарија  беше недостапен од декември 2024. Се  врати и се предаде на деветти септември  на граничниот премин Блаце.

Пеш ја минал границата а полицијата го спроведе во затворот во Шутка.

За ова дело злоупотреба на службената положба во притвор може да остане најмногу два месеца. Од скопското обивнителство веќе информираа дека за него во тек се уште четири постапки за кои се прибираат докази и се вршат вештачења. Груби пак се предаде во февруари годинава по 14 месечно бегство.

Тој е првообвинет  во случајот „Државна Лотарија“ заедно со уште седумина. Обвинителството тврди дека иако знаеле дека компанијата нема право да организира видео лотарија, сепак, преку владина седница, со кој раководел Артан Груби, била донесена одлука за набавката на видеолотариските темринали и направиле штета од  9,7 милиони евра.

Дека не се чувствува виновен денеска кажа и башким Авдии кој на последното рочиште побара побара да го добие обивнението и дел од одказите на албански јазик

На следното рочиште на 23 декември обвинителството треба да ги изведеваат доказите.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

Jumbo 2