Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп се закани со високи царини за ЕУ поради понудата на Фон дер Лајен за Канада

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови високи царини за ЕУ откако претседателката на комисијата Урсула фон дер Лајен вчера ја покани Канада да стане првата придружна членка на унијата.

Трамп, кој по неколку месечните неуспешни преговори со Отава, повторно ја распламти трговската војна со својот северен сосед, понудата на фон дер Лајен ја нарече смешна, а потегот на Брисел за продлабочување на односите со Канада го оцени како непријателски чин.

„Ако го направат тоа, мислам дека тоа е непријателски чин, ќе воведам сериозни царини или ќе ја запрам трговијата со Европа за многу производи. Значи, ако го направат тоа, ако Европа го направи тоа, со лоши намери, ако има добри намери, тогаш е во ред, ако има лоши намери ќе воведеме многу високи царини.“, рече Доналд Трамп – Претседател на САД.

Претседателката на комисијата предлогот го соопшти за време на нејзиниот годишен говор за состојбата на унијата, порачувајќи дека Брисел и Отава сакаат да го надградат постоечкиот договор за слободна трговија во поширок „сојуз за иднината“.

„Ова не е партнерство против некој друг, туку за нашата заедничка сила. На кратко, сакаме да ги издигнеме односите со Канада на највисоко можно ниво.“, рече Урсула фон дер Лајен – претседателка на ЕК.

Канадскиот премиер, кој е во официјална посета на Стариот континент, ја поздрави можноста неговата земја да ги продлабочи односите со европските партнери, со кои, според него, делат исти вредности и имаат идентична визија за иднината.

„Не предлагам трет блок за да станеме опоненти на големите сили, иако со подобри манири. Не сакаме моќ за да доминираме над другите. Токму спротивното, сакаме отпорност од тоа за никој, никој да не ги контролира нашите отворени пазари, да го ослабува нашиот суверенитет, да се заканува на нашиот територијален интегритет или да ја поткопува нашите слободи, нашите демократии, нашето владеење на правото.“, рече Марк Карни – Премиер на Канада

Сепак, незадоволството од овој предлог нема само во Вашингтон, туку и во Брисел, затоа што фон дер Лајен со предлогот беше изненадување за членките. Многумина во унијата и забележаа на фон дер Лајен дека ги пречекорила овластувањата, затоа што единствено Советот на Европа одлучува за примање на нови членки, и иако во унијата има консензус за продлабочување на односите со Канада, сепак понудата за придружно членство, досега не била дискутирана.

Игор Трајков