На социјалните мрежи потегот на жената наиде на критики и осуда.
Кратко време по објавување на видео снимката утврден е идентитетот на жената и таа е повикана во полициската станица.

По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента, соопштија од полицијата.













