Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русите ќе гласаат на првите избори од почетокот на војната

/

Свет

Сподели преку :

Во Русија викендов се одржуваат избори за Државната дума, како и локални избори во повеќе региони. Околу 111 милиони граѓани имаат право на глас, а за првпат во изборниот процес се вклучени и жители на украински територии кои Русија ги анектираше од 2022 година.

Владејачката партија „Единствена Русија“ се очекува да го задржи доминантното место во парламентот, додека изборната кампања се одвива во услови на засилен политички надзор. Партијата што најотворено го критикуваше воениот конфликт беше отстранета од изборната трка, а дел од антивоените политичари се во затвор или ја напуштиле земјата.

Војната во Украина и нејзините последици сепак остануваат важна тема за дел од руските гласачи, особено по нападите со дронови врз инфраструктурата и енергетските објекти.

Дел од жителите на Москва велат дека очекуваат промени и поголемо внимание кон економските и социјалните последици од конфликтот.

–Би сакал да видам некакви промени. Да видам некоја друга партија, вели жител на Москва.

Репортер: Што подразбирате под ’друга партија‘?

Жител: Па, друга партија. Не онаа што моментално е на власт.

Репортер: Но, зар нема пет или шест такви?

Жител: Па, не онаа што контролира апсолутно сè, одговара тој.