Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мултифондови за похрабро инвестирање и повисоки приноси наместо укинување на вториот пензиски столб

/

Македонија

Сподели преку :

Парите од вториот пензиски столб не се оплодуваат доволно, но решението не е во укинување на вториот столб, туку во негова реконструкција. Пензиските друштва го гледаат решението во законски измени кои ќе овозможат похрабро, но и поризично инвестирање на пензиските заштеди, кои ќе носат и повисоки приноси. Се работи на закон за мултифондови, кој ќе овозможи парите на помладите вработени да се инвестираат поризично, но со повисоки очекувани приноси. Велат досегашните резултати се солидни во рамки на сегашните решенија, парите се оплодуваат со стапка од околу 5,5 отсто годишно.

„Очекуваме најмалку 1,5 до 3 процентни поени да е повисок просечниот принос, во зависност за кој тип на портфолио се работи, бидејќи тоа ќе биде поделено на начин каде за младите ќе може да се вложува поагресивно, пред сè поради нивниот долг инвестициски хоризонт кој го имаат пред себе. За луѓето на средна возраст ќе биде балансираното портфолио кое соодветствува со сегашниот систем, а за оние кои се буквално пред пензионирање и по пензионирањето ќе се оди со конзервативно портфолио коешто има за цел да го заштити сето она што е створено низ годините од флуктуации“, вели Маријан Николовски, претседател на Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови.

Пензискиот систем во земјава го сочинуваат три столба, два задолжителни и еден доброволен. Вториот пензиски фонд се воведе во 2006 година, а целта беше дел од парите на вработените кои се задржуваат за пензиско осигурување да се инвестираат и оплодуваат со тек на време. Две третини од уплатените пари за пензиско одат во државниот ПИОМ, а само една третина во вториот столб. Дел од експертите предлагаат да почнат да се уплаќаат повеќе пари во вториот столб, односно на личната сметка на осигурениците. Оваа година, во пензија заминаа првите пензионери кои добиваат пензија од вториот столб.

„Се прават законски измени за исплата на пензии, сè уште не е точно регулирано како ќе биде, но во моментот ќе се земаат како програмирани повлекувања. Прво ќе се соберат парите во едно, па ќе се исплаќа пензија прво од вториот столб сè додека не се исцрпат средствата. Откако ќе се исцрпат средствата, ПИОМ да продолжи да ја плаќа пензијата“, вели Пранвера Сума, член на Советот на експерти во МАПАС.

Во средното економско-правно училиште Васил Антевски Дрен денеска се одбележа Денот на пензиска свесност, со едукативна кампања и меморандум за развој на практичната настава.

Срѓан Стојанчев

 

Jumbo 2