Премиерите на Велс, Шкотска и Северна Ирска порачаа дека „времето на Вестминстер се приближува кон крајот“ и дека британската влада треба да се „подготви“ за уставни промени.
Националистичките лидери од „Плаид Циру“ (Plaid Cymru), „Шин Фејн“ (Sinn Féin) и Шкотската национална партија (SNP) — кои сакаат нивните земји да го напуштат Обединетото Кралство — во понеделникот потпишаа договор во кој се наведува дека ниту една влада во Вестминстер нема право да „ја блокира демократијата“.
Но, додека шкотскиот претставник Џон Свини и премиерката на Северна Ирска, Мишел О’Нил, повикаа на референдуми на заедничка прес-конференција, велшкиот лидер Рун ап Јорверт одби да даде временска рамка за референдум во својата земја.
На настанот присуствуваше и претседателката на „Шин Фејн“, Мери Лу Мекдоналд.
За прв пат откако започна ткн „процес на деволуција“ (преносот на овластувањата), Велс, Шкотска и Северна Ирска имаат лидери на влади кои сакаат да ја напуштат британската заедница.
Тројцата се состанаа во понеделникот како претставници на своите партии.
Тие повикаа на остварување на „правото на самоопределување“ за нивните нации и побараа од владата на Обединетото Кралство „да се подготви, да планира и да ги олесни уставните промени“.

Премиерите кои се за независност ќе потпишат „меморандум за разбирање“ на самитот во Кардиф и ќе бараат референдуми Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска в понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе побараат право да одржуваат референдуми за независност. Според британски „Телеграф“, тоа ќе биде… Продолжи со читање












