Обвинителството бара притвор за помошник-директорот на Секторот за административно-технички работи во Царинската управа кој вчера беше уапсен за примање поткуп од 17.500 евра.
Акцијата ја реализирале јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Според досега прибраните докази, од Обвинителството велат дека постои основано сомнение дека осомничениот ги сторил кривичните дела „Примање поткуп“ и „Примање награда за противзаконито влијание“.
Во периодот од април/мај до септември годинава, искористувајќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил парични средства во вкупен износ од 17.500 евра.
Од вкупно 17.500 евра, 7.500 евра, според Обвинителството, биле побарани и примени за да се продолжи договор за јавна набавка со одредена фирма.
За друга јавна набавка, која била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, а за возврат требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка, како и во однос на условите и техничката спецификација.
За неполна седмица, ова е втор случај во кој ОЈО ГОКК постапувајќи по пријава од граѓанин, презеде акции против барање на мито – по апсењето на возачот на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.
Од Обвинителството велат дека пријавата на граѓанинот во случајот со поткупот на помошникот – директор во Царината „овозможи навремено да се преземат мерки“ и ги охрабруваат граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можна корупција да ги пријават до надлежните органи.

Уапсен е помошник директор во Секторот за административни и технички работи во Царинската управа. По преземањето на парите, тој е затекнат како прима мито на претходно обележани пари во износ од 17.500 евра. По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал… Продолжи со читање













