Уапсен е помошник директор во Секторот за административни и технички работи во Царинската управа.
По преземањето на парите, тој е затекнат како прима мито на претходно обележани пари во износ од 17.500 евра.
По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.
- Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК. Во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено како помошник директор во Царинската управа. Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра. По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра. Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската… Продолжи со читање













