Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Ова го кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајки на новинарско прашање дали во земјава ќе има предвремени избори.
– Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе барање во Парламентот за предвремени избори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, потенцира Мицкоски по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.













