На повторно постапување и одлучување е вратен предметот за автобуската несреќа кај „Ласкраци“, откако Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје.
На седницата одржана на 9 септември, Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучувал по предметот КВП2-86/25, откако осудените, преку своите бранители, поднеле барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.
„Барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители, се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“, соопштија од Врховниот суд.
Во 2019 година во близина на селото Ласкарци автобус на Дурмо турс излета од патот при што загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.
На 9 мај Апелациониот суд во Скопје на газдата Белули му ја зголеми затворската казна од четири, на десет години. На Мифтари му ја зголеми од шест на десет години затвор. Возачот Мануел Трифуновски остана со 14 години затвор и уште тројца вработени во станицата за технички преглед добија по 5 и по 7 години затвор.

Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо Турс“ осуден за трагедијата кај Ласкарци, денес наместо да се појави во Идризово за издржување на 10 годишната затворска казна тој е во Клиничката болница Тетово на операција. Во болнички кревет наместо во затворски. Газдата на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули доби ново одложување на денот кога требаше да се појави… Продолжи со читање













