Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски: Стивнува епидемијата на Западен Нил, на Инфективна само шест пациенти, двајца во потешка состојба

/

Македонија

Сподели преку :

Епидемијата на западнонилска треска стивнува, порача министерот за здравство, Сашо Клековски. Повикувајќи се на податоците од последните две недели, тој додаде дека има по два нови случаја, а на Клиниката за инфективни болести моментно се хоспитализирани шест пациенти од кои само двајца се во потешка состојба,

„Сметам дека епидемијата стивнува, бидејќи последните две недели имаме по два нови случаја. Значи, оваа недела, по објавувањето на извештајот од Институтот за јавно здравје, в понедленик, ќе имаме два нови суспектни случаи. Дека се смирува ситуацијата, говори и фактот дека во моментот на Клиниката за инфективни болести имаме шест хоспитализирани лица“, изјави Клековски во однос на извештајот на ИЈЗ за периодот до 8 септември, во кој се наведува дека е регистриран и случај во Свети Николе.

Смирувањето на ситуацијата, според Клековски, не е поврзано со заладувањето бидејќи новите случаи се заразени пред три до 14 дена.

„Мислам дека постапувањето по индикации влијаеше и постигнато е тоа што го очекувавме. Сепак, точни закономерности не постојат во оваа епидемија. Имаме три пронајдени мртви гаврани со вирусот во општини во кои нема регистрирано случаи на западнонилска треска (два во општина Карпош и еден во Ресен)“, посочи Клековски.

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се вкупно шест пациенти, од кои само двајца се со потешка клиничка слика. Се работи за пациенти што подолг период се хоспитализирани.

„Тие подолго време се на Клиниката, интубирани се и се на респираторна поддршка. Другите четворица се во стабилна состојба и се на Одделот на невроинфекции. Двајца се водат како суспектни бидејќи се понови, а кај другите двајца при крај е процесот на закрепнување и набргу ќе бидат отпуштени од болница“, изјави директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана.

Jumbo 2