Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ потпиша Одлука – вонредните парламентарни избори во Србија распишани за 25 октомври

/

Свет

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потпиша Указ за распушање на Собранието и Одлука за распишување на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 25 октомври во 2026 година.

Во орбаќање до јавноста од Претседателството на Србија, Вучиќ соопшти дека донел одлука врз основа на предлогот на Владата од 7 септември, оценувајќи дека изборите се неопходни за граќаните јасно да го одредат по кој земјата ќе продолжи да се движи.

„Ни требаат изборни резултати кои јасно ќе одредат и ќе ја покажат волјата на народот, каде, во кој правец и по кој пат ќе оди Србија“, порача Вучиќ.

Со Указот е распуштен собранискиот состав кој беше избран на изборите на 17 декември во 2023 година.