Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И бегалецот Перпарим Бајрами пеш ја преминал границата, подолго време имало сознанија дека ќе се предаде од Косово каде се криел од потерницата, има уште истраги за него

/

Македонија

Сподели преку :

Перпарим Бајрами, екс директорот на Државна Лотарија утрово сам се предал на граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница. Бајрами беше во бегство од декември 2024-та и по 21 месец се врати на ист начин како Артан Груби, со кого заедно се обвинети за злоупотреба со набавка на опрема и ВЛТ апарати за Државна Лотарија во вредност од над 500 милиони денари (над 8,25 милиони евра). На рочиштето во понеделник, обвинителството ја зголеми вредноста на штетата од случајот на над 9,2 милиони евра.

Утрово, Перпарим Бајрами пеш ја преминал границата и се пријавил на преминот Блаце. Полицијата му го потврдила идентитетот по што е реализирана судската одлука со која му беше определен притвор во отсуство кога беше подигнато обвинението за случајот „Државна Лотарија“.

Според полициските сознанија, Бајрами ја напушти државата неколку дена пред да биде објавена кривичната пријава за случајот во декември 2024-та, а откако беше утврдено дека не е во Македонија веднаш беше распишана потерница.

Бајрами е првообвинет во случајот, а полицијата од граничниот премин утрово го спровела во затворот Скопје во Шутка.

-Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје, соопштија од МВР.

Крајната дестинација на бегството на Бајрами по предавањето сега е Косово иако претходно имало информации дека се крие кај роднини во Швајцарија. Според сознанија на Телма, надлежните безбедносни служби имале информации дека Бајрами планира да го повтори патот на Груби и сам да се предаде. Дури, во затворот во Шутка му било планирано место во келија и цимер.

Враќањето се очекувало најмалку две недели односно пред почетокот на судењето за Лотарија,  но бегалецот се предаде денеска, два дена после првото активно рочиште и Бајрами веќе во петок требаше да седне на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд, но рочиштето поради враќањето на бегалецот е одложено за да му се достави обвинителниот акт.

Неговиот адвокат Еленко Миланов изјави дека се уште не се видел со Бајрами со кого ќе ги договара наредните постапки во судскиот процес.

-Каде бил и како се вратил не знам и не може да ви кажам ништо, со оглед на објавените информации дека се пријавил на премин со Косово, укажува дека се вратил од таму. Во секој случај, добро е што истиот се вратил да се соочи со судот во постапката за него. Што се однесува на друго, не може да кажам повеќе бидејќи треба да се видам со него, ни изјави телефонски адвокатот Миланов.

Но, за Перпарим Бајрами има и други истраги за злоупотреби на службенатља положба, соопштија од обвинителството.

-Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења, соопштија од обвинителството.

Перпарим Бајрами е првообвинет во случајот „Државна Лотарија“ во која се обвинети 8-мина затоа што обвинителството тврди дека иако знаеле дека Лотарија нема право да организира видео лотарија „бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото“, сепак преку владина седница, односно Надзорен одбор на Лотарија, со кој раководел Артан Груби, била донесена одлука за набавката на апарати.

-Првиот обвинет генерален директор и претседател на Управниот одбор на “Државна лотарија” на 09.05.2023 година, до третиот обвинет – Генерален секретар на Владата на РСМ доставил Информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување на електронските игри на среќа. Во информацијата со предлог заклучоци навел дека вредноста на набавката изнесува 42% од сметководствената вредност на имотот на друштвото, определена врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото и како таква ќе претставува голема зделка, а нејзиното одобрување е во надлежност на надзорниот одбор на друштвото, наведе обвинителството во соопштението за поднесено обвинение на 13.08.2026.

Груби е во куќен притвор, а второобвинет е поранешниот генерален секретар на владата, Методија Димовски.

Миомир Серафиновиќ

 

Утрово на ГП „Блаце“ се предаде екс директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами – спроведен е во Шутка

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. „Денеска (9.9.2026), во 5.35 часот, на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2