Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрово на ГП „Блаце“ се предаде екс директорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами – спроведен е во Шутка

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

„Денеска (9.9.2026), во 5.35 часот, на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр. XVII KO бр. 4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“, информира МВР.

Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Екс директорот на лотарија Перпарим Бајрами се гони за сомнителни тендери од 370 илјади евра

Бегалецот од правдата и екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами повторно е гонет од финансиската полиција. Во новата кривична пријава се товари дека преку сомнителни тендери за набавка на телевизори и компјутерска опрема за Државната лотарија,  проневерени се нешто помалку од 400 илјади евра. Парите биле исплатени, ама стоките не биле испорачани. Со кривичната… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2