Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Сите земаат мито, дури и возачите во владата“ – СДСМ по веста за приведување на шофер во СОЗР

/

Македонија

Сподели преку :

„Сите земаат мито, дури и возачите во владата“, обвини СДСМ по веста за приведувањето на вработен шофер во СОЗР под сомнение дека барал мито за посредување при вработување. Тој беше уапсен со обележани пари, а по претходна пријава на граѓанин.

„Возачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито. Сите земаат мито, дури и возачите на владата. Ова е ОКГ – Организирана криминална група. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена. Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? – Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?“, обвини опозициската партија.

Jumbo 2