Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија во борба со пожарите – регистрирани 21 во последните 24 часа

/

Свет

Сподели преку :

Министерството за одбрана на Албанија објави дека во псоледните 24 часа во земјата избувнале 21 пожар, од кои 11 се активни, пет се под надзор, а исто толку се изгаснати.

„Стотици оперативни сили, противпожарни возила и персонал на вооружените сили се ангажирани на терен, додека операциите се поддржани и од хеликоптери и авиони за гаснење на пламените јазици. Ситуацијата е особено проблематична во некои области на Фиер, Скадар, Мат и Дајти“, стои во соопштението.

Во гаснењето на огнените стихии биле вклучени 587 локални оперативни сили, 52 противпожарни возила, како и 550 припадници на армијата и 7 армиски противпожарни возила. Воздушна поддршка била обезбедена од 4 хеликоптери и 1 авион „Ер Трактор“.