Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетици илјади луѓе на протест во Загреб поради 33.000 тони нелегално исфрлен опасен отпад во Госпиќ

/

Свет

Сподели преку :

Илјадници жители на Загреб, но и на други места низ Хрватска денеска излегоа на протестен митинг во главниот град под слоганот „Прошетајте за Лика, прошетајте за Хрватска“, организиран од иницијативата „Госпиќ е наш дом“, по аферата со десетици илјади тони отпад нелегално исфрлен во подрачјето Госпиќ.

Тие бараат од Владата да ја презентира целата програма за санација на закопаниот отпад во рок од 20 дена, со јасно дефинирани и обврзувачки рокови. Во исто време, тие бараат 33.000 тони закопан отпад во поранешниот комбинат Велебит да се отстранат во рок од три месеци. Се бара и ангажирање на независни експерти за креирање на сеопфатен долгорочен план за следење и спроведување на независна проценка на ризикот.

Хрватските медиуми го окарактеризираа денешниот протест како „најмасовниот протестен собир во историјата на модерна Хрватска“.

Протестот е против нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад во близина на градот Госпиќ, во регионот Лика. Случајот стана јавен минатиот месец кога хрватската антикорупциска агенција УСКОК објави наоди и експертско мислење дека отпадот содржи и опасни или екотоксични материјали. Анализите покажаа високи концентрации на штетни супстанции, вклучувајќи бакар, цинк, олово и антимон, што може да претставува ризик за почвата и водата за пиење во областа.

Министерот за правда Дамир Хабиџан најави воведување на ново кривично дело „екоцид“, за кое казните би можеле да се движат од најмалку 10 години затвор до доживотен затвор.

Врз основа на наодите на експерти, Управата за криминалистичка полиција на Хрватска спроведува истрага против голем број лица осомничени дека извршиле неколку кривични дела против животната средина и економијата како организирана криминална група. Истрагата се спроведува против најмалку 10 лица и четири компании. Според сомневањата на истражителите, групата организирала увоз на мелена пластика и друг мешан отпад од Словенија и Италија.

Исто така, се сомнева дека групата земала медицински и друг отпад од Хрватска, кој потоа бил нелегално закопан или оставен на отворено во Вараждин, Госпиќ и Бенковац, објави загрепски „Јутарњи лист“.

Фото: youtube/printscreen