Двајца пилоти загинаа по пад на воен авион Ф-4Е Фантом на грчкото воено воздухопловство за време на традиционалниот авијациски спектакл „Athens Flying Week“. Според грчките медиуми, тие не се катапултирале, бидејќи летале во непосредна близина на делот со публика, јави дописничката на МИА од Атина.
Веста за смртта на двајцата пилоти ја потврди и грчкото воено воздухопловство, а причините за несреќата ги истражува надлежна комисија на военото воздухопловство.
WATCH: The moment a Greek Air Force F-4 Phantom crashes during an aerial display at Tanagra Air Base. pic.twitter.com/Sa8n5kelYr
— Clash Report (@clashreport) September 5, 2026
Несреќата се случи во 14.55 часот во близина на воената воздухопловна база Танагра во близина на Атина, каде што се одржува „Athens Flying Week“, а причините засега се непознати.
Авијацискиот спектакл го следат илјадници гледачи, а авионот Ф-4 се урна на најмалку еден километар од местото каде што се гледачите.












